ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА

Добредојдовте на www.smarket.mk. Ве молиме внимателно прочитајте ги Правилата за користење и Политиката за приватност пред да започнете да ја користите веб страницата.

Со користењето и/или посетувањето на веб страницата www.smarket.mk и/или која било под веб страница на www.smarket.mk Вие се согласувате со Правилата и условите за користење на услугата и со Политиката за приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите веб страницата www.smarket.mk. Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата е договор помеѓу Вас (корисникот) и С-Маркет / СБВ КОМПАНИ Беќир ДООЕЛ (ние).

С-Маркет (www.smarket.mk) може повремено да прави измени во Правилата и условите за користење на услугата, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавување на веб страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.www.smarket.mk може повремено да прави измени во Правилата и условите за користење на услугата, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавување на веб страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.

АВТОРСКО ПРАВО, ТРГОВСКА МАРКА И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Сите материјали на оваа веб страница се во сопственост на С-Маркет сопственик на www.smarket.mk. Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на материјалите од оваа веб страница без изречена писмена дозвола од С-Маркет е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.

ОПИС НА ПРОИЗВОДИТЕ И ФОТОГРАФИИ

За сите производи кои се продаваат преку www.smarket.mk направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Фотографиите ги прикажуваат вистинските производи и истите се во сопственост на С-Маркет Скопје.

ЦЕНИ

Сите цени на нашата веб страна се изразени во денари, со вклучен ДДВ, без вклучени трошоци за пакувањето и трошоците за испорака на производот до вашата адреса.

ДОСТАПНОСТ

За сите производи кои се продаваат преку www.smarket.mk правиме обид постојано да ги имаме на залиха, но не гарантираме дека одреден производ секогаш ќе биде достапен. Доколку производот не е достапен истиот нема да можете да го нарачате.

ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со платежна картичка (Visa, MasterCard, Maestro). Сите процеси се одвиваат преку сигурна https конекција. Трансакцијата при плаќање на производот е пренасочена и се процесира преку портал за наплата од електронски платежни картички.
За секоја успешна нарачка и плаќање ќе ви биде испратена електронска фактура на емаил адресата која сте ја оставиле за контакт при регистрирање на нашата веб страна.

ОДГОВОРНОСТИ НА С-МАРКЕТ

www.smarket.mk ги презема и користи сите расположиви мерки да овозможи највисока безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и корисниците би биле засегнати. Секој корисник се согласува да ја употребува оваа веб страница на сопствен ризик.

Нашата цел е да бидеме достапни 100% од времето, меѓутоа може да се случи страницата да е недостапна во одредени периоди поради било каква причина надвор од наша контрола. Во никој случај нема да сносиме никакви материјални или други последици доколку не сме во можност користењето на интернет продавницата да биде непречено или целосно без грешки.

Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на информациите и заштитата на личните податоци кои ги обезбедуваат тие интернет страни. С-Маркет не ги прегледува веб страниците од кои преку линк се стигнува до www.smarket.mk и не е одговорен за содржината на веб страниците кои упатуваат на нашата веб страница.

Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашите политики и правила за приватност и користење, а се објавени на нашата веб страна.

Корисниците кои купуваат преку www.smarket.mk имаат можност на социјалните мрежи да објавуваат искуства, забелешки и пофалби за производите или да објават коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или категоризирана како “SPAM”. С-Маркет ќе ги отстрани сите пораки кои спаѓаат во горенаведените категории.

С-Маркет може да ги промени Правилата за користење во било кое време без претходно известување, но по промената истите веднаш ќе бидат објавени на нашата веб страна.