ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Оваа политика за поврат на средства и за враќање односно замена на производ се однесува само за оние производи кои се нарачани и платени од страна на купувачите, преку онлајн продавницата www.smarket.mk и истата ги опфаќа следните услови:

  • Доколку се случи купениот производ да е фабрички неисправен, истиот подлежи под гаранција доколку се врати во иста состојба во која е примен, без видливи физички оштетувања и во оригиналното пакување.
  • Враќање односно замена на производ се врши исклучиво доколку се работи за оштетен производ од страна на производителот, односно доколку производот е со фабричка грешка и доколку производот е вратен без видливи физички оштетувања и во оригиналното пакување.
  • Купувачот има право да побара враќање/замена на производот во рок од 24 часа по приемот на производот.
  • Барањето за враќање на производот испратете го преку нашата контакт веб страна, а можете и да не контактирате преку контакт деталите оставени на нашата контакт веб страна и ќе ви дадеме повеќе инструкции околу Политиката за враќање/замена на производот. Во барањето треба да се наведе причината поради која го враќате/заменувате производот и доколку сакате производот да биде вратен а не заменет, треба да се наведе и трансакциската сметка за поврат на средствата. Трансакциската сметка наведена во барањето треба да се совпаѓа со онаа од која е извршено плаќањето т.е. нарачката.
  • Откако ќе го разгледаме вашето барање, ако е одобрено, ќе ви бидат рефундирани вашите средства или ќе ви биде испратен нов производ.
  • Рефундирањето на уплатениот износ ќе го извршиме во рок од 10 работни дена на платежната картичка, односно трансакциската сметка од која е извршена првичната нарачка.
  • Замената на производот ќе биде направена во рок од 10 работни дена, доколку се исполнети условите и е одобрено барањето за замена.