Колку чини испораката?
Цената за испорака зависи од тежината и волуменот на пакетот како и локацијата до која го испраќаме.
Испораката на малите апарати/пакети е преку Карго Експрес, се плаќа кај курирот на Карго Експрес при испораката и изнесува до 140 денари, според ценовникот на Карго Експрес (https://www.kargoekspres.mk/Cenovnik.aspx).
Испораката на големите апарати за домаќинство/бела техника се врши само во Скопје и околината и е бесплатна, ја врши С-Маркет, без разлика дали сте во куќа или зграда.
Дали вршите испорака надвор од државата?
С-Маркет не врши испорака надвор од државата.
За колку време ќе го добијам нарачаниот производ?
Во Скопје и околината производите ги испорачуваме истиот ден.
Во останатите градови и населени места, производите се испорачуваат во рок од 2 до 5 работни денови.
Меѓутоа, поради временски непогоди, неработни денови и празници, како и останати фактори кои не зависат од нас, доставата може да биде одложена за 1 до 2 работни дена.
Како можам да ја платам мојата нарачка?
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите со платежна картичка.
Дали можам да ја сменам или да ја откажам мојата нарачка?
Доколку сакате да ја промените или откажете вашата нарачка ве молиме да не контактирате.
Доколку производот е веќе испратен, не можеме да ја откажеме вашата нарачка.
Како да заменам производ?
Замена на производ е можна со исполнување на условите објаснети во Политиката за враќање и замена на производи.
При замена на производ, трошоците за враќање на производот се на сметка на купувачот, освен во случај кога купениот производ е фабрички неисправен и доколку производот е вратен без видливи физички оштетувања и во оригиналното пакување.
Мојата нарачка многу доцни?
Ако вашата нарачка многу доцни, повеќе од вообичаените рокови за испорака, Ве молиме да не контактирате.
Како да нарачам и купам производ?
Постапката за нарачка е следна:
Ги ставате производите за кои што сте заинтересирани во кошничката.
Во следниот чекор во нарачката ги пополнувате вашите податоци (или само се логирате доколку претходно сте креирале корисничка сметка на https://smarket.mk).
Последен чекор е плаќање, и со тоа сте нарачале производ.
Кои би биле предностите доколку креирам корисничка сметка на вашата страница?
Предностите се следните:
Процесот на купување е побрз бидејќи не треба да ги пополнувате истите полиња при секое купување.
Можете да обележувате производи кои ви се допаѓаат како Омилени (Wishlist).
Можете да ги погледнете сите ваши претходни нарачки.
Можете да изберете дали сакате да добивате е-маил пораки од нас.
Како да ве контактираме?
На следниот линк ги имате контакт деталите за С-Маркет (https://smarket.mk//kontakt/).