ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

За испорака на производите имаме склучено договор со Карго Експрес (www.kargoekspres.mk). Во договор со Карго Експрес, С-Маркет испорачува во сите градови во Македонија и до 5 километри надвор од влезната табла на градот. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани до адресата која сте ја навеле како адреса за испорака. Доколку адресата на испорака е населено место подалеку од 5 километри надвор од влезната табла на градот, купувачот е должен да го подигне производот од најблиското застапништво на Карго Експрес.

Испораката на вашата нарачка се извршува во рок од 3 работни дена. Доколку курирот кој ја врши испораката не успее да Ве најде на дадената адреса и да Ви ја предаде пратката, ќе бидете контактирани на телефонскиот број кој сте го оставиле за контакт. Од таа причина е многу важно при нарачката да оставите точни податоци и точен телефонски број. Истите се користат единствено при испораката.
Секој купувач е должен при испорака на производот да го провери за евентуални оштетувања при транспорт и да провери дали пратката е комплетна. Доколку производот е испорачан оштетен или пратката не е комплетна, купувачот е должен да не информира веднаш.

С-Маркет го задржува правото да задоцни со испораката доколку од било каква причина задоцнат паричните средства на нашата жиро сметка при плаќање од купувачот.